Му ја запалиле колата на судија во Велес


Пожарот во возилото марка „Пасат“ се појавил околу 2 часот по полноќ. Го забележале граѓани кои го пријавиле во полиција. Во пожарот настрадала предницата на возилото сопственост на судијата Ш.А. Од СВР Велес ја потврдија информацијата. Од таму велат дека полициска екипа направила увид и започнала постапка за утврдување на причините на пожарот, пренесува Дума.мк. kolifin1413206540_thumb_medium490_0 Опожареното возило било паркирано пред зградата во која живее судијата. Тој вели дека не се сомнева во никого и не ги знае за причините кои би можеле да го предизвикаат пожарот па затоа ги чека резултатите од извршениот увид. Во пожарот освен „Пасатот“исто така настрада и уште еден автомобил марка „ Рено лагуна“  паркиран до возилото на судијата./Д.С

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1