Авионот на американската компанија „УС ервејз“ претрпел мала незгода додека слетувал на аеродром во Филаделфија.
Авионот завршил со предниот дел во земја, затоа што при слетувањето пукнала гумата на едно од тркалата.
Сите патници од авионот се евакуирани и нема информации за повредени.
Хана Ундер патничка од авион со кој при слетувањето му пукнала гума на предната осовина, го искористи овој немил настан да си направи „селфи“ фотографија.
Колку „селфи“ фотографиите станаа популарни просведочи и оваа девојка, која својата ја направи, по, за среќа, откако го преживеа проблематичното слетување на авионот.
Таа по евакуацијата се оддалечила од оштетениот авион и потоа ја направи „селфи“ фотографијата.
„Боже, авионот се запали“, зборела додека се оддалечувала од авионот.
На социјалните мрежи веднаш по евакуацијата се појавија фотографии, на кои се гледа дека авионот нурнал со носот во земјата до пистата.