Полицијата во Србија уапсила двајца под сомнение дека преку социјалните мрежи упатиле повеќе закани кон животот на премиерот Александар Вучиќ и на неколку други министри во Владата на Србија.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во одвоени акции уапсени се М.М. (1963) и Д.К. (1971 поради сомнение дека сториле кривично дело загрозување на безбедноста.
Одземени им се компјутерите, а осомничените со кривични пријави приведени се во Вишото јавно обвинителство во Белград