Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, изјави во вторникот дека Одделението за високотехнолошки криминал почнало истрага за заканите со убиство упатени кон српскиот премиер Александар Вучиќ, пренесува српски „Блиц“.
Премиерот на Србија добивал смртни закани на социјалните мрежи во режија на т.н. организација наречена “Црна рака”.
Стефановиќ, на прес-конференцијата не можеше да каже од каде дошле заканите, но рече дека е откриено од дека тие можеби биле испратени од една земја.
Тој рече дека полицијата и државата, за кои постои сомневање дека заканите од таму дошле, работат на тоа да се идентификува ИТ адресата на потенцијалните сторители.
Министерот рече дека очекува наскоро да имаат информации од полицијата и државата и дека истрагата ќе покаже дали тоа е еден човек или организирана мрежа.
“Тоа не зависи од нас, ние се потпираме на помош од меѓународната полиција и државтаа, колку тие брзо си ја вршат својата работа, така што наскоро ќе бидеме во можност да имаме информации”, рече Стефановиќ.
Т.н. организација “Црна рака” објави на својот профил на Фејсбук дека организира “јавен лов” на премиерот Вучиќ, кој е, како што велат – се обиде преку БИА да му се одмазди на Радомир Почуча, поранешен водител на ТВ Пинк, кој е волонтер на бојното поле во Украина, а беше уапсен на 17 март.
На претстојниот оглас, како што е цитирано од страна на РТС, со навреди упатени до ретседателот на Владата, “Црна рака”, објави “дека на неговата физичка ликвидација се мобилизирани сите, сиот персонал и ресурси на располагање на организацијата.”
Стефановиќ додаде дека, бидејќи од кога е министер, полицијата ги зема во предвид сите закани, а не само кон владините претставници, но исто така и кон други граѓани. Јас би сакал на медиумите и јавноста да зазем ист став во врска со заканите без разлика на кого се однесуваат.
“Не може да се случи дека некој пишува најлошите работи на интернет и да се каже дека тоа е нормално, а други да се закануваат и да бараате од нас зошто ние не го уапсиме. Сите закани треба да имаат ист вид на убедување”, рече Стефановиќ.