Муслиманска фамилија спречена да влезе во САД – сакале да одат во Дизниленд


Британскиот премиер Дејвид Камерон на тврдењето дека американците спречија муслиманско семејство од Велика Британија да отпатува за Дизниленд рече дека со големо внимание ќе се испита случајот.iranka samija muslim

Стела Криси од опозициската Лабуристичка партија изјави дека САД не дале образложение зошто одбиле 11 членови од муслиманската фамилија да влезат во авион за Америка. По ова Криси бараше од Камерон да реагира.

Мухамед Захид Махмуд за Би-Би-Си изјави дека неговата фамилија не добила никакво објаснување, освен дека не им е дозволено да влезат во САД.

Од канцеларитјата на Камерон соопштија дека ќе го испитаат овој случај кој е особено осетлив, откако кандидатот за претседател Доналд Трамп предложи да им се забрани влез на муслиманите во САД.

Американската амбасада во Лондон одби да го коментира случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1