Убиецот на медицинската сестра вил жртва на семејно насилство – се сакале со Дијана


Никола Кузмановски, обвинетиот за убиството на медицинската сестра Дијана Здравковска  што се случи на 9 јануари на Детската клиника во Скопје, бил жртва на семејно насилство, тврдат неговите роднини. Според неговата братучедка, обвинетиот и неговата мајка секојдневно биле малтретирани од татко му, кој бил алкохоличар, пишува Телма.

detska klinika nokj

„Живееме куќа до куќа со Никола, во ист двор.  Од кога паметам, кога имав 4 или 5 години, татко му ги малтретираше. Немаше мир во таа куќа, заедно со Никола сме ја бранеле мајка му.  Сите сме биле сведоци, но само тој знаеше како им е“, сведочеше  таа.

И вториот роднина кој сведочеше потврди дека Никола како мал бил тепан. Судењето ќе продолжи на 27 јануари за кога се очекува да сведочи полицаецот кој на покривот на Детската клиника го убедил обвинетиот да не самоубие.

Според обвинението Дијана, која била бремена и во брак со друг маж, била задавена од Никола. Тој тврди дека не е виновен, а според психијатриското вештачење бил пресметлив за време на кривично-правниот настан.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1