Мутант-риба во Дојранско Езеро (ВИДЕО)


Вакво нешто досега не сме виделе. Со години ловиме риба во Дојранско Езеро, ама ваква чудна комбинација навистина никој не видел.

riba mutantОва го велат дојранските рибари што вчера ја уловиле оваа риба, според сите белези мешавина на црвеноперка и костреж. Телото на рибата, според сите карактеристики е на црвеноперка, а шарата на рибата е од костреж.

Таа делумно, по природен пат сама мутирала.
– Не станува збор за никаков мутант, вкрстување или хибрид. Тука има само одредена мутација на боја и ништо повеќе. Она што го гледаме на е црвеноперка и ништо друго, изјави за МКД.МК професорот Васил Костов од Институтот за сточарство-завод за рибарство.
Според него црвеноперката и кострежот се припадници на две далечни фамилии на риби кај кои не е можна никаква хибридизација.
Рибарите од Дојран пак, тврдат дека, уловиле риба црвеноперка со шара од костреж, која за нив е чудна мутација и досега таква риба не е уловена во Дојранско Езеро.

Извор Мкд.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1