Измислена ткаенина која сама се чисти


7_ways_to_save_washing_clothes

Индиски научници развија влакна за самочистење на ткаенината.

Научниците од Делхи, имаат развиено нанокомпонентни влакна кои имаат уникатни карактеристики на авточистење, цврстина и термичка стабилност.

„Во нашата лабораторија ние развивме високо перформирани влакна со механичка сила, термална стабилност, електрична спроводливост, кои што овозможуваат вашата постелнина да може самата да се чисти“, вели професорката Мангала Јоши.

mangala_119436140857Прашана за негативните ефекти на самата ткаенина, Мангала одговорила дека засега токсичноста на наночестичките од кои е дизајнирана истата е под истрага и дека неколку клинички студии всушност го потенцираат негативниот ефект на ингестијата или инхалацијата на наночестичките при контакт со вода или воздух.

Сепак токсичните ефекти би можеле да бидат избегнати од страна на крајните корисници, или пак истите да не го покажуваат истото ниво на токсичност, доколку наночестичките се вградени во внатрешноста на полимерните матрици во нанокомпоситните влакна или доколку истите се силно врзани за текстил супстратот.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1