,,Мувајте,, се само со луѓе од иста партија – сајт за мување според политика (Видео)


Доколку следите политика свесни сте колку тоа влијае и врз одлуките на луѓето кои избираат партнери. Па дури и на љубовен план.

Alexander Frondier е креаторот на страните BlueStateDate.com и RedStateDate.com за самците во Америка кои се заинтересирани за започнување врска со луѓе кои ги делат истите политички ставови.

Од корисниците се бара да ги наведат своите ставови во врска со социјални, економски ставови и како и сфаќања во врска со надворешната политика, и врз основа на тоа овие страници им нудат листа на луѓе кои имаат слични интереси.

Според Frondier ова би ги стабилизирало политичките несогласувања помеѓу партнерите пред тие да започнат. Иако на почетокот на врските, различните политички гледишта не мора да претставуваат проблем, постои можност тие подоцна да прераснат во голем проблем и да ја нарушат врската, вели Frondier.

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1