Поради снегот училиштата во Тетово утре нема да работат


Сите средни и основни училишта во општина Тетово нема да работат во текот на утрешниот ден поради потешкотиите во транспортот и движењето предизвикани од околу 50 сантиметри снег што и понатаму продолжува да паѓа во градот и во другите општини од каде доаѓаат учениците, изјави претседателот на кризниот штаб за справување со снегот Орхан Ќамили на денешната прес – конференција.
Тој најави дека по согледувањето на состојбите во текот на утрешниот ден ќе биде решено дали учениците ќе се вратат на настава, но доколку снежните врнежи продолжат со овој интензитет ќе се разгледа можноста да се прогласи и вонредна состојба.
Ќамили посочи дека во моментот општината има ангажирано четири камиони и два багери што непрекинато ги чистат улиците и оти според нивните податоци улиците низ Тетово се проодни, исто така и патиштата до планинските села.
– На овој потег се ангажирани три багери кои продолжуваат со расчистување на снегот кон селата, рече Ќамили.
Тој упати апел до граѓаните да ги тргнат своите возила кои се паркирани на улиците бидејќи на тој начин им отежнуваат на камионите анагажирани за чистење на снегот од сообраќајниците.

Mia

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1