МВР ќе поднесе кривична пријава за едно лице


Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска на денешната прес конференција посочи дека МВР ќе поднесе кривична пријава против едно лице.

Таа додаде дека осомниченото лице се однесувало спротивно од одлуките на Владата.

Министерката за внатрешни работи утре ќе поднесе кривична пријава за Ф.К. кој на Табановце влегол во земјатана почетокот од март, и требал да биде во самоизолација, но тој тоа не го сторил, со што го прекршил Кривичниот законик.

Имал средби со најблиските, но и со вработените во фирмата.

Потоа дал лажен исказ, дека не патувал надвор од земјата.

Тој заразил повеќе лица и придонел за ширење на епидемијата.

„Недозволиво е поединци да го изигруваат законот“, рече Петровска.

Таа рече дека ваквите лица ќе го добијат одговорот од институциите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1