МВР ги најде заљубените малолетници кои избегаа заедно


Двајцата малолетници за кои беше пријавено дека се оддалечиле од дом во Велес, се пронајдени и вратени дома, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Како што претходно соопшти МВР, на 15.03.2019 во 22.00 часот во Полициската станица во Куманово, 44-годишниот Р.Х. пријавил дека неговата 14-годишна ќерка А.Х. се оддалечила од домот, а вечерта во 21 часот и 20 минути 40-годишниот Т.Ј. од Велес пријавил дека околу 19 часот, во неговиот дом дошла токму А.Х. која била во љубовна врска со неговиот син А.Ј. (15). А.Х. неколку пати претходно доаѓала во куќата.

Двајцата малолетници му кажале на Т.Ј. дека сакаат да живеат заедно, по што Т.Ј. им кажал дека ќе ги пријави во полиција затоа што се малолетници и не сака да има проблеми со полицијата. По тоа малолетниците излегле од домот.

Веднаш се преземени мерки и активности од полициски службеници на СВР Велес за пронаоѓање на А.Х. и А.Ј. и синоќа малолетниците се вратени во домовите, додава МВР во соопштението.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1