МВР го фатила пиштолџијата кој пукал при упадот во ИВЗ


Лицето за кое постојат докази дека утрово пукало во групата што направила упад во Исламската верска заедница (ИВЗ) во Скопје е повикано на информативен разговор во полиција. Инцидентот се случил околу 8.30 часот. Припадници на МВР се уште се во ИВЗ и разговараат со сите кои директно или индиректно се сведоци на утринскиот инцидент.ivz djamii redjepi sulejman

Пред влезната врата од седиштето на ИВЗ е откриена чаура од пиштол која веќе е однесена на вештачење, а полицијата тврди дека од истрелот имало и оштетување на таванскиот дел.

Групата која влегла насилно утрово во седиштето на заедницата наишла на отпор од вработените и редарите, при што бил употребен и електричен пиштол. Во инцидентот едно лице е полесно повредено.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1