Кејт Мидлтон носела лажен стомак, кралското бебе родено од сурогат мајка?!


Нема мајчински поглед во нејзините очи – не се гледа таа природна појава. Погледнете ја Дијана која родила. Кејт е само актерка на театарот Бакингамска палата. Не родила…. Руските медиуми се полни со теории на заговор околу новото бебе

Кејт Мидлтон се породи во саботата и на свет донесе мала принцеза. Целиот свет со возбудено го следеше развојот на настаните, а Англија беше на нозе и во еуфорија.

princeza3-500
Само десет часа откако роди, Кејт Мидлтон излезе од болницата со бебето во прегратка. И токму тоа ги поттикна бизарните тврдења. Австралискиот News.com објави статија, а „Мирор“ пренесе, и сите се прашуваат како е можно Кејт само десет часа по породувањето да изгледа онака совршено и одморено како ништо да не се случило.

Жените многу добро знаат дека породувањето на една жена може да биде едноставно додека другите се мачат со часови, па дури и со денови. Сега сите се прашуваат како Кејт тоа го извела. Јасно, таа има фризери, стилисти, козметичари, цела војска од луѓе која се погрижила војвотката да изгледа како што изгледаше кога се појави со штотуку роденото бебе во раце пред болницата „Сент Мери“. Сосема сигурно е дека во селската куќа во Норфолк покрај неа ќе биде и медицински персонал.

Теории на заговор околу раѓањето на кралското бебе

Една жена која искусила тешко породувањеа, изјавила за „News.com“ дека била изненадена кога ја здогледала Кејт додека излегува од родилиштето, но вели дека кога би ја погледнале длабоко во нејзините очи би можеле да видите дека е изморена без оглед на тоа што изгледала одлично.princeza5500
Со ова тврдење не се согласуваат читателките на рускиот весник „Комсомолскаја Правда“, кои направиле вистинска теорија на заговор околу раѓањето на принцезата.

„Кејт сигурно носела вештачки стомак цело време за да им покаже на луѓето дека е бремена, а принцезата ја роди сурогат мајка, а не таа.“

„Едноставно не е реално само неколку часа по породувањето едноставно да заминете од родилиштето во бел фустан и да им мавтате на луѓето.“princeza4-500

„Дури и да имала најлесно породување на светот, жените отпосле сакаат да спијат, сето ова е обично шоу.“

„Во нејзините очи го нема оној труднички поглед. Споредете ја со Дијана кога роди. Оваа Кејт е само актерка од Бекингамската палата, таа сигурно не родила.“

И за крај на овие неверојатни тврдења – „Бебето изгледа на возраст помеѓу седум до 10 дена, премногу е големо за новороденче, а неговата кожа е премногу мазна и бледа.“

Постојат најразлични претпоставки, тврдења, обвинувања, помалку или повеќе поткрепени со докази за мистериозното раѓање на новата принцеза на Англија, но точните одговори веројатно ќе се добијат многу подоцна.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1