МВР го потврдува инцидентот во Гошинце, насилниците се претставиле како УЧК


Два и пол часа по полноќ нападната караулата во Гошинце. Околу 40 вооружени и униформирани со ознаки на УЧК влегле во полициската станица и ги разоружале четворицата полицајци кои биле на смена, тројца врзале со лисици, а еден физички го малтретирале.
Цело време снимале со камера. По половина час си заминале откако го одзеле оружјето и радио станиците и ги искришиле мобилните телефони на полицајците.
policija sredna
Групата се претставила на албански, а комуницирала со помош на преведувач. „Ние сме од УЧК и нема да ве спасат ниту Груевски ниту Ахмети“ рекле вооружените, раскажуваат полицајците.

Лицата кои ја завземале полициската станица во Гошинце, Липковско носеле ознаки УЧК

Портпаролот на МВР Иво Котевски не даде повеќе информации околу случајот, како и околу тоа дали разбојниците се уште ја држат под опсадата полициската станица.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1