МВР: Граѓаните покажаа висока свест и не се приклучија на протестите


Најголем дел од граѓаните, покажувајќи висока свест, ги послушаа и почитуваа апелите на Министерството за внатрешни работи, верските заедници и невладините организации и не се приклучија кон протестите кои се организираа преку социјалните мрежи.

mvr-zgradaОд Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека пред Џамијата Јаја Паша, денеска се собрале над сто лица, од кои најголемиот дел малолетни.

-Истите се упатија кон зградата на Владата, но во близина на стоковната куќа „Мост“ беа спречени од страна на полициските службеници. Дел од нив започнаа со каменување кон полицијата по што следеше интервенција, а групата се растури. Двајца полициски службеници се пожалија на телесни повреди здобиени од каменувањето, а досега не е пријавена материјална штета. Министерството за внатрешни работи ќе ги идентификува и учесниците во овие инциденти по што ќе следуваат соодветни пријави, се наведува во соопштението.

До министерството за внатрешни работи сеуште нема формална пријава ниту за протестите кои преку социјалните мрежи се најавуваат и за утре. Сите групи на Фејсбук преку кои се повикува на овие протести се следат и врз основа на оперативните сознанија и информации ќе бидат преземени сите мерки и активности против оние кои би предизвикувале или би учествувале во какви било инциденти и нарушувања на јавниот ред и мир.

МВР повторно апелира граѓаните да покажат висока свест и да не дозволат да бидат манипулирани и вовлечени во нечии сценарија бидејќи секое незаконско однесување ќе биде најостро санкционирано.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1