МВР и УЈП ноќеска посетија познати скопски клубови и кафулиња, четири затворени


Ноќните клубови „Џубокс“, „Приорити“, „Пингвин паб“ и кафулињата „Ало ало“, „Студио 54“ и „Станица 26“ се дел од новите скопски локали на листата посетени од пазаниот инспекторат, УЈП и МВР.ujp1

Кај дел од нив инспекторите регистрирале сериозни неправилности во работењето, додека за останатите инспекторите биле добредојдени гости.

Најмногу казни се пишувале поради неевидентиран платен промет на фискалните каси и непочитување на законот за пушење во затворени простории.

Инспекторите и полицијата вчеравечер на терен извршиле конторла во 13 угостителски објекти. При посетата на клубовите „ХО“, „Џубокс“ и „Станица 26“, кафулето „Ало Ало“, како и рестораните „Чикаго“ и „Македонска софра“ тие не регистрирале никакви неправилности.

Во слична заедничка акција пред 2 дена парични казни и времени забрани за работа заработија 8 скопски локали.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1