МВР: Интензивно трагаме по убиецот на Јанушев


Четврти ден од убиството на фудбалерот Мартин Јанушев, полицијата се уште трага по убиецот. Од МВР велат интензивно работат на расчистување на случајот во соработка со Основното јавно обвинителство, но во интерес на истрагата, велат не откриваат повеќе информации.

Во јавноста и на социјалните мрежи се пишува за повеќе сценарија околу овој случај, од „расчистување“ на нерасчистени односи, до можен нарачател за убиството, како и тоа дека убиецот бил осуденик пуштен на слобода за викенд. Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак,сторителот побегнал во соседна држава каде се уште се крие, поради како што тврдат ненавремена реакција на полицијата и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Зошто веднаш по убиството не беше направен обрач? Зошто веднаш по убиството, убиецот не беше ставен на стоп листа? Кога убиецот ја поминал границата и на кој граничен премин? Со чие возило? Кој го изнел од Скопје?Ова се прашања кои ќе имаа одговор доколку полицијата работеше професионално, а не по партиска наредба, “ обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Јанушев со неколку куршуми беше застрелан во петокот попладне околу 17.40 часот на улицата Владимир Комаров во населба Аеродром, по што веднаш бил пренесен во градската болница „Св. Наум Охридски.“. Јанушев почина по само еден час откако беше застрелан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1