МВР: Кривична за Заев за насилство, шпионажа и недемократско преземање на власта


Лидерот на СДСМ Зоран Заев е осомничен во полициска акција „Пуч“ заедно со уште тројца други лица, соопштуваат од МВР.

Првосомничен е екс директорот на ДБК, Зоран Верушевски кого полицијата го терети за шпионажа и помагање на насилство врз државни функционери. Лидерот на СДСМ Зоран Заев се товари дека на средби со премиерот Никола Груевски му се заканувал со докази против него. Со акцијата е спречен обид за загрозување на уставниот поредок и недемократско преземање на власта, велат од МВР.mvr

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во своето гостување на вонредните вести на Сител телевизија, откри повеќе детали за акцијата Пуч, која утрово беше спроведена во Струмица.

-За првпат во историјата на независна Република Македонија истражните органи спречуваат обид за насилно уривање на уставниот поредок. Во кривичната пријава опфатени се четири лица на кои им се ставаат на товар кривични дела шпионирање, насилство врз највисоки претставници на државни институции и крив дело помагање. Тоа се лица кои организирано дејствувале на употреба на одредени информации по нелегален пат за да извршат притисок врз претседателот на Владата на Република Македонија, наметнувајќи свои барања надвор од законските процедури да се формира техничка влада, истакна таа.jankulovska-1

-Утрово добивме наредба за вршење на претрес на една лока во Струмица и тој е завршен. Ценејќи дека анализата на документите во форма на електронски записи кај првоосомничениот се документи кои се со класифицирана содржина, но и со податоци за следење на комуникации на незаконски начин, станува збор за нелегално прибавување на информации, бидејќи на ниту еден легален начин не можел и не смеел да ги поседува. Задоволни сме од материјалните докази во прилог на кривичната пријава и оставаме органите да одлучат по основ на силината на документите, изјави Јанкулоска.

Министерката потенцираше дека сопругата на Верушевски како второпријавена во полициската акција служела за давање на информации кои подоцна биле искористени за вршење на делото. Таа била вработена во Стопанска банка, каде обработувала податоци.

Самиот факт што на нејзиниот службен компјутер пронајдени се документи со содржина која ја нарушува приватноста зборува дека таа во одредена мера учествувала во дејствијата кои наведуваат до сторена шпионажа. Кривичната пријава е за “помагање на кривичните дела“. Министерката Јанкулоска посочи дека материјалните докази докажуваат за ова кривично дело, но има дополнителни материјали кои допрва треба да се разгледуваат.

Јанкулоска вели дека жртвите на ваквите кривични дела се јавни личности, препознатливи во македонското општество.

Според првичните информации, периодот во кој се прибирани овие информации се по 2012-та година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1