Немале пари па зеле кредит за Инвитро, добиле тројка – сега ќе им ги исплатат ратите


Откако брачната двојка Марија и Мирослав Петровиќ во српските медиуми неодамна открија дека подигнале кредит за да може да се подложат на третман за вештачко оплодување, кој поминал успешно и пред два месеци добиле тројка девојчиња, добиле парична помош за да може да ги исплатат ратите од кредитот, јавува српски „Курир“.

kikindske-trojke-antal-i-senita-kocis-1421269090-607871

– Ни се јавија од „Електромрежа на Србија“ и ни ветија дека ќе ни го исплатат кредитот. Благодарни сме им. Сега веќе не морам да се грижам – изјваила среќната мајка за српските медиуми.

Марија и Мирослав морале да се задолжат во банка за да отидат на вонтелесно оплодување и наспроти тоа што живеат само на една плата од 30.000 динари од кои третина даваат за ратата, а по тоа сознание , јавноста во Србија се здружила да му помогне на семејството Петровиќ.

И студентите од белградскиот универзитет покренале акција да им уплати пари на семејството. На Марија вонтелесното оплодување и успеало од прва а на 17 ноември таа родила три девојчиња, Хелена Сара и Даница.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1