МВР на траг на убиецот и помагателот на убиството на Мартин, нарачателот во Белград?!


Полицијата ја затвора истрагата за убиството на дваесет и осум годишниот Мартин Јанушев кој во петокот вечерта со неколку истрели во главата беше убиен пред кафулето „Ред кафе“ во Аеродром.МВР сослушува сведоци на грозоморното убиство кое се случи вчера попладне во скопски Аеродром, за да се открие идентитетот на напаѓачот или напаѓачите кои го усмртија 28 – годишниот Мартин Јанушев. Дел од шпекулациите кои се појавија во јавноста, повикувајќи се на очевидци на настанот, се дека со пиштоли пукале двајца, иако во полицискиот билтен се наведува само едно лице.s1

Според информациите на Либертас, досега повеќе лица се повикани на распит во полициска станица а полицијата прибира докази за две лица – убиецот и лице кое му помагало во извршувањето на убиството.

Полицијата има информации и за трето лице, кое се посочува како нарачател на убиството, а според сознанијата, се наоѓа во Белград, Србија.Како што веќе објавија дел од медиумите, од извори во истрагата, убиецот на Мартин Јанушев одлежувал казна затвор, а за време на убиството бил пуштен на слободен викенд. Се работи за 25 годишно момче кое служело казна затвор во времетраење од шест години поради трговија со наркотични средства.

Убиениот Мартин Јанушев денеска беше погребан. Тој е роден на 28.07.1989 во Скопје. Последен пат има играно за Локомотива, а претходно во Маџари Солидарност и 11 Октомври.

Неговиот брат е командир на вод во полициската единица „Алфа“, а неговиот татко е пензиониран полициски командир.

Фудбалските клубови Македонија ЃП и Локомотива му оддадоа почит на Мартин Јанушев, денешната победа односно реми ја посветија на својот поранешен играч.

По триумфот од 1-0 над Зајаси, „Лавовите“ имаа емотивен краток собир и испратиај порака: „Почивај во мир, Јанушев“.

Локомотива пак по ремито од 1-1 кај Влазрими на Фејсбук напиша: „Бодот му го посветуваме на нашиот поранешен фудбалер Мартин Јанушев. Почивај во мир”.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1