МВР: Навивачот на Вардар сам ја активирал шок-бомбата – кривични пријави против Комитите


Во еден момент се слушнала детонација на експлозивна направа која била активирана од страна на еден од навивачите по што настанал метеж. Биле повредени повеќе лица, кои од страна на навивачите биле извлечени за укажување на прва помош, соопшти полицијата по вчерашниот тежок инцидент на фудбалскиот натпревар Пелистер – Вардар во Битола.

Според МВР, пред крајот на натпреварот „согласно досегашната пракса при ваквите натпревари, за да не дојде до судир меѓу двете навивачки групи, на гостинските навивачи им било укажано први да го напуштат стадионот”.

komiti bomba2

Навивачката група на Вардар Комити одбиле доброволно да ја напуштат трибината, па пред завршувањето на натпреварот била издадена наредба за потиснување на навивачката група „ кон излезот на стадионот.

„Тогаш во еден момент се слушнала детонација на експлозивна направа која била активирана од страна на еден од навивачите по што настанал метеж. Повредени биле 8 лица, од кои едно лице со тешки телесни повреди и 7 лица со лесни телесни повреди”, соопшти МВР.

Г.Н. (37) од Скопје добил тешки телесни повреди на дланката од левата рака, а полесно повредени биле С.Г.(24), К.Г.(31), З.К.(37), Г.К.(24), Д.Б.(31), Б.Д.(23) и Ф.А.(29) сите од Скопје. Повредени биле и четворица полицајци.

komiti bomba

„СВР Битола изврши увид на местото на настанот, при што е подигнат материјал, кој ќе биде испратен на понатамошно вештачење во МВР на РМ, а истрага ќе спроведе и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди. Извршен е разговор со докторите и со тешко повредениот. Според првичниот исказ на медицинските лица, таков вид на повреда не можела да се случи доколку повредениот не ја држел, односно не ја активирал шок бомбата во рака. Од страна на СВР Битола превземени се потребните мерки и активности и во консултација со јавното обвинителство издиференцирани се 7 кривично-правни настани, од кои за 4 ќе бидат поднесени кривични пријави за „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста” и една кривична пријава за „предизвикување општа опасност”, додека за останатите 3 кривично-правни настани СВР Битола ги презема потребните мерки и активности за откривање на сторителите”, соопшти МВР.

komiti bomba3

Дали е можно навивачот да ја држи бомбата со десна рака, а да му е повредена левата?! (ФОТО)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1