Обидот вандалите кои со бекатон плочи и шипки повредија 38 полициски службеници да бидат претставени како студенти кои мирно демонстрирале, е подеднакво срамен чин како и кинењето на македонското знаме. Уште посериозна е опасноста барањата за нивна амнестија да се сфатат како дополнителен поттик или мотив за нови неказнети насилства на претстојните протести.
Како што велат од МВР: „заради елиминирање на сите изречени невистини, јавноста може и сама да се увери во кривичните дејствија на 18-те идентификувани против кои досега е процесуирана кривчна пријава за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство“.