Министерството за внатрешни работи почнува да работи на изготвување на нова кривична пријава против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кого овој пат го товари за „Оддавње државна тајна“.
Како што информираа од МВР во четвтокот попладне, за вакво кривично дело во законот е предидена затворска казна во времетраење и до 10 години.
Претходно Заев беше осомничен за „Насилство спрема претставници на највисоки државни органи“ и за „Поткуп“.
Мора да се потенцира дека осомниченото лицето на вчерашната срамна и недостојна прес конференција изнесе бројни конструкции и лаги. Тоа што е уште поважно, презентираше детали од Договор за донација кој што е класифициран со најголем степен на тајност, односно „Државна тајна“, велат од МВР.
Според МВР, осомничениот во случајот „Пуч“преку својот недоличен настап го загрозил кредибилитетот на македонските служби со што и директно ја довел во опасност безбедноста на Република Македонија.
„Освен кон македонските институции, со овој бесрамен чин, беше извршен атак и кон институции на држава, стратешки партнер на Република Македонија. Тој и практично, неосновано и недолично ја обвини државата Израел дека исплаќала поткуп за да донира средства“, се наведува во соопштението.
Притоа се појаснува дека објавувањето на лични податоци на високиот претставник на Министерството за одбрана на државата Израел, не е ништо друго освен напад врз институциите на Израел и директно загрозување на личната безбедност на нивното службено лице.
„За да не останат нерасчистени дилеми околу вчерашната лага и конструкција на осомничениот, станува збор за донација од Израел во 2011 година, а не за набавка на опрема за прислушување која и никаде не се споменува во разговорите. Донацијата се однесува на опрема за специјалните единици. Имено, како докажан пријател на Македонија, тие понудија помош и заедно проценивме дека е најдобро тоа да биде опрема за подигнување на борбената готовност на нашите специјални единици. Истите префрлија 5.557.377 евра на сметка на компанија која имаше обврска потоа да ја набави опремата. Од тие средства 4.413.330 евра беа иаплатени на производителот на опремата, додека остатокот од 1.144.047 евра беа исплатени во буџетот на Р. Македонија на име на царински давачки и данок на додадена вредност. Во компанијата не остана ниту едно евро од донацијата. Опремата пристигна во специјалните единици и во моментов се употребува“, се вели во соопштението на МВР.