МВР: Полицајците немале никаков контакт со учениците од ОУ „Блаже Конески“ Велес


Полиција и просветни инспектори биле повикани во основното училиште „Блаже Конески“ во Велес откако родители на невакцинирано првче одбиле да си го земат детето дома. Мајката на детето за „А1он“ вели дека од вчера има забранет пристап во училиштето, бидејќи одбивала да престане да го носи детето на училиште, а вчера обезбедувањето ја пријавило во полиција и ѝ забраниле да влегува во објектот.

Од МВР демантираат дека биле преземени некакви активности од страна на полицијата, ниту дека имале некаков контакт со ученици во тоа училиште.

Во врска со дезинформациите за настан во училиштето во Велес, ја информираме јавноста дека по пријава на директорот на училиштето кој забележал невообичаена фреквенција на возрасни граѓани во околината на училиштето, полициски службеници излегле на лице место бидејќи тоа е нивна должност. Не се преземени никакви акттивности од страна на полицијата, ниту имало каков било контакт со ученици.
Во училиштето дошле инспектори од Министерство за образование и тие разговарале со родителите, затоа што тоа е нивна надлежност. – соопштуваат од МВР.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1