МВР потврди: Експлозијата се случила на 5 до 10 метри од Владата


По детонацијата што беше регистрирана околу 21 часот, екипи од Одделот за антитероризам и деминирање веднаш излегле на терен, а по извршениот увид е пронајдено местото на експлозијата, во тревникот кон Вардар, на оддалеченост од 5 до 10 метри од зградата на Владата.vlada mk

Од МВР не даваат конкретни информации дали и за каков проектил станува збор.

„Од експлозијата не е нанесена никаква штета. Од местото на настанот се подигнуваат остатоци за вештачење“, стои во соопштението на МВР.

Очевидци претходно информираа дека детонацијата се слушнала во непосредна близина на Владата кон споменикот „13 Ноември“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1