МВР со детали: Пронајдени докази, професорите барале од 500 до 1.000 евра мито за положен испит


Од 500 до 1000 евра плаќале студентите за преодни оценки кај осомничените професори од Економскиот факултет. Полицијата поднесе кривична пријава за 6тмина професори, еден асистент и сопственик на угостителскиот објект во рамки на факултетот. 5мина биле приведени, тројца добиле покана да се јават на распит. Истрагата за случајот Еразмус траела повеќе од 2 години а користени биле и посебни истражни мерки. Пријавата според МВР е документирана со цврсти докази.ekonomski

-При претресот кај еден од осомничените во возилото кое го управувал пронајдени се парични средства во износ од 1000 евра и тоа 16 банкноти во апоени од 50 евра, како и две банкноти во апоени од 100 евра, кои се предмет на кривично дело. Кај друг професор пронајден е и одземен телефонски апарат „ајфон 6“, предмет на кривично дело, а во неговиот кабинет пронајдени се и одземени 4 индекси сопственост на студенти на економскиот факултет. Во домот на друг осомничен е пронајден еден индекс. Во бифето пронајдени се две пријави за испит, а во студентски прашања одземени се 17 досиеја на студенти, најчесто од првата студиска година. Исто така при претресите пронајден е нотес во кој се содржани податоци од студенти, матични броеви и слично, изјави Митко Чавков, Министер за внатрешни работи

Клиенти на осомничените професори биле студенти без доволно знаење, без право да полагаат или без пријавен испит. Дел од трансакциите биле вршени директно а дел преку посредници- во некои од случаите сопственикот на факултетското бифе ги земал парите за поткуп, му ги предавал на осомничениот асистент кој пак бил задолжен да им ги предаде на професорите. Според полицијата, ваквата пракса траела со години.ekonomski fakultet4

-Станува збор за следните предмети на економскиот факултет во Скопје за кои имаме документирано сознанија дека во одредени случаи биле пишувани оценки на начинот кој веќе го опишавме. Основи на економија и основи на сметководство, математика за економисти, статистика за бизнис и економија, економика на претпријатија и предметот менаџмент на мали бизниси, додаде Митко Чавков

Во текот на денешниот ден се очекува сите осомничени да дадат исказ пред надлежен јавен обвинител. Обвинителството за организаран криминал потврди дека води постапка за Еразмус откривајќи дека покрај пари, дел од осомничените барале и сексуални услуги.

Лицата се сомничат за сторени повеќе кривични дела за кои ќе се одлучува по спроведената истрага. Освен примање пари, постои степен на основано сомнение дека дел од професорите барале и извршување на сексуални услуги заради полагање на испит.policija 333

Во текот на вчерашниот ден при преземените дејствија за прибирање на докази по издадената Наредба за претрес, еден од професорите е затечен инфлагранти во извршување на кривично дело – Примање на поткуп од 1000 евра, додека за останатите се обезбедени докази во изминатиот период.

Корупцијата во високото образование со години беше тема за која низ ходниците многу се говори а на терен малку се прави. Истражувањето на повеќе невладини меѓу кои Транспаренси интернешнл и МОФ покажа дека огромен број студенти дале или би дале поткуп.

Анкетата на Младинскиот образовен форум спроведена во 2011та откри дека една четвртина од студентите дале пари, подароци или други услуги за упис или полагање испит. Повеќе од 90 проценти од студентите одговориле дека тоа не би го пријавиле за да не си ја влошат сопствената ситуација.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1