МВР со детали за физичката пресметка во центарот на Скопје


Полските фанови веќе се најдоа во центарот на вниманието. Во едно кафуле на главниот плоштадот во центарот на Скопје настана вистински хаос. Првично изгледаше дека станува збор за физичка пресметка меѓу Полјаците и лица во кафулето, но од МВР веднаш изглегоа со детали. Гостинските навивачи меѓусебно се пресметале, досега се приведени четири лица.

„Станува збор за меѓусебна тепачка на навивачи на Полска. Многу брзо интервенираа полициски службеници и сега за сега се приведени 4 лица“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Македонија и Полска утревечер (20:45 часот) ќе ги одмерат силите во рамките на квалификациите за пласман на ЕУРО 202о година.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1