Вчера околу 18:30 часот на ул. „Борис Сарафов“ во Скопје, патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Ј.Ј. од Скопје удрило во 10-годишно момче.
По ударот детето било пренесено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и било задржано на лекување.
Полиција ги презема потребните мерки за расчистување на случајот.