МВР со детали за пукањето на Партизанскa


Четириесет и петгодишниот Д.Т. синоќа бил пренесен во болница со три прострелни рани од огнено оружје во стомакот, градниот кош и во раката. Од Министерството за внатрешни работи велат дека не може да потврдат дали тој се здобил со повредите додека возел по булеварот „Партизански одреди“ пред да се преврти затоа што кај нив до овој момент сè уште нема пристигнато пријава за пукање во овој дел од градот.zzzzz

Од СВР-Скопје за Телеграф.мк велат дека ноќеска, 10 минути по полноќ, од Ургентниот центар во полиција било пријавено дека кај нив е донесен 45-годишниот Д.Т. Пред да биде донесен во болница, поточно во 23.35 часот, Д.Т. на крстосницата на булеварот „Партизански одреди“ со улиците „Бледски договор“ и „Париска“ изгубил контрола над возилото што го управувал, „голф“ со скопски таблички, и удрил во бетонска жардиниера на средината на булеварот, по што возилото се превртело и застанало на покривот. Неофицијално, во возилото со него биле и неговиот брат и уште едно лице. Повредениот бил пренесен во Ургентниот центар каде што му се констатирани телесни повреди здобиени од огнено оружје, односно прострелни рани во стомакот, во градниот кош и во раката.

Полицијата сè уште не извршила разговор со ранетиот затоа што не се наоѓа во целосно свесна состојба. Нему во текот на ноќта му била извршена операција.

Од СВР-Скопје велат дека кај нив нема пријава за пукање и затоа не може да потврдат дали пукањето се случило во бркотницата по булеварот „Партизански одреди“. Оттаму велат дека работат на расчистување на случајот и дека се утврдуваат мотивите за инцидентот. Сторителот засега ѝ е непознат на полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1