МВР воведува дозволи за „плашливците“


plaslivec

МВР ќе воведе дозволи за оружје за сигналните пиштоли „плашливци“, за воздушното оружје со енергија на зрното над 7,5 џули и за оружјето со тетива со сила на натегнување над 45 килограми, кои сега се во слободна продажба, а купувачите мора да ги пријават во полиција за што добиваат потврда.

Ова го предвидуваат новите измени на Законот за оружјето, што МВР ги објави пред неколку дена и со кои се менуваат повеќе од половина од членовите на актуелниот закон, кој досега шестпати е менуван. Сегашната интервенција се објаснува како приспособување кон ЕУ-директива за оружје.

Со измените ќе се воведе електронска евиденција, односно следење на оружјето, со кое законски се тргува и се поседува. „Плашливците“, кои не истрелуваат проектил и служат за сигнализација, сега се класифицираат како огнено оружје.

Дневник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1