Обама решил да го номинира Џон Кери за државен секретар на САД


Вашингтон, 16 декември 2012 (МИА) – Претседателот на САД Барак Обама одлучил да го номинира сенаторот од државата Масачусетс Џон Кери за државен секретар на САД, соопштија телевизиите Си-Ен-Ен и Еј-Би-Си њуз, цитирајќи неименувани извори.
djon keri Номинацијата на Кери нема да се објави веднаш од повеќе причини, вклучувајќи ја и неопходноста од финализирање на процесот и од почитување на националната жалост во врска со масакрот во училиштето во Њутаун, во Конектикат, посочи Еј-Би-Си.
Си-Ен-Ен, цитирајќи неименуван демократ, забележа дека номинацијата може да биде соопштена веќе следната недела.
Кери, кандидат на демократите за претседател на САД на изборите во 2004 година и претседател на сенатската комисија за надворешни работи, ќе ја замени Хилари Клинтон, која соопшти дека се повлекува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1