МЗ: Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба


Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна здравствена состојба. Од Клиниката за Урологија информираат дека интензивно се следи постоперативниот тек и функцијата на трансплантираните бубрези.

Трансплантирани се двајца пациенти, жена на 45 годишна возраст од Скопје и маж на 40 годишна возраст од Куманово. Двајцата пациенти беа со хронична бубрежна слабост и со години на дијализа.

На трансплантација на бубрези работеше стручен тим на уролози под водство на д-р Сашо Дохчев, д-р Сотир Ставридис, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Александар Јосифов и анестезиологот Александра Гавриловска од КАРИЛ, како и Проф. Гоце Спасовски, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ и д-р Светлана Павлеска од Клиниката за нефрологија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1