МЗТ Скопје се прости од салата Јане Сандански (фото)


mzt-5

Веќе од петок (15-ти февруари) ќе се пристапи со демонтажа и рушење на салата, а потоа ќе се започне со изградба на новиот спортски центар “Јане Сандански“, кој ќе биде со капацитет за 5000 гледачи, и е предвидено да се комплетира за 18 месеци.

Без страв, без срам, гордо и храбро, до самиот крај, како и секогаш, навивачката група “Фемили Аеродром“, граѓаните на Општина Аеродром и сите вљубеници на кошарката, од најстара до најмлада возраст заеднички, навивачки го проследија последниот тренинг на клубот МЗТ Скопје Аеродром и опростувањето од салата “Јане Сандански“.

mzt-4Низ историјата навистина оваа сала спојувала многу генерации, имаше сведоци на тажни и радосни моменти на овој кошаркарски бисер. Пораз или победа, секогаш “Фемили Аеродром“  биле во најтешките моменти, буквално од амбис, да помогнат за доброто на клубот, со љубов , со срце.

Кошаркарите на МЗТ Скопје своите мечеви во домашното првенство и АБА лигата ќе ги игра во СЦ “Борис Трајковски“, а до комплетирањето на новата сала, навивачите со порака:

ЗА НАС ЖИВОТ, ЗА ДРУГИТЕ ИМЕНКА, ВЕЧНО ЌЕ ЖИВЕЕ

Извор/Фото – Спорт арена 

mzt-3

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1