Паркинг работници отпосле нацртале знак ,,за инвалиди,, каде што паркирла – и ја казниле (Видео)


Израелска студентка  го паркирала автомобилот на место дозволено за тоа. Но кога се вратила автомобилот го немало –  го однел Пајак а и добила казна за паркирање на место резервирано за лица со инвалидитет. Студентката се жалела, но никој не и верувал, се додека не е откриена снмиката од надзорна камера во улицата.

ay_1030227911-640x423Снимката ги открива работниците од градската служба на Тел Авив како отпосле околу автомобилот цртаат линии за паркинг место и инвалидски знак. А потоа, доаѓа „пајак“ и и го крева автомобилот.

Без оглед на снимката, студентката морала да плати 365 долари казна, лура видеото го поставила на својата Фејсбук страница и за кусо време го споделиле повеќе од 19.000 пати, по што за случајот известила и државната телевизија.

Од градот и се извиниле за инцидентот. Велат  и друг пат се случувало градските работници да исцртаат паркинг место, според претходно предвиденото, иако на тоа место во моментот се наоѓал автомобил. Но тие требале да ги известат соодветните власти дека автомобилот бил паркиран легално и да не се казнува неговиот сопственик.

И градоначалникот на Тел Авиб Рон Хулдаи, исто така и напиша извинување на нејзината Фејсбук страница. Таа  сеедно размислува  да го тужи градот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1