На 103 години почина легендата на Холивуд Кирк Даглас


Кирк Даглас е роден 9 декември 1916 година. Играл во 95 играни филмови, а продуцирал повеќе од 30. Тој е добитник на почесен „Оскар“ за животно дело.

Кирк Даглас е роден како Исур Даниелович Демски, а пред да стане актер сменил дури 40 професии.

„Направив кариера глумејќи неранимајко“, често се шегувал Кирк на сопствена сметка.

Американскиот актер и продуцент Кирк Даглас почина на 103 годишна возраст, соопшти неговиот син Мајкл Даглас.

Холивудската икона Кирк Даглас тврдеше дека доживеел сто години благодарение на неговата сопруга Ен Бајденс Даглас (100), со која успеал да се опорави од сите неволји што му ги донел животот.

Преживеал мозочен удар што му го променил говорот и го принудил да престане да глуми пред две децении. Тој се опорави без поголеми последици од хеликоптерската несреќа во 1991. година, а смртта на неговиот син Ерик во 2004. година му оставила огромна празнина.

Неговиот син, холивудскиот актер, Мајкл Даглас на Фејсбук напиша за загубата која ја доживеало неговото семејство, се збогва од него со емотивни зборови.

-Со огромна тага, јас и моите браќа, ви соопштуваме дека Кирк Даглас денеска нè напушти на возраст од 103 години. За светот тој беше легенда, актер од златната дома на филмовите, кој доживеа златна возраст, хуманитарец чија посветеност на правдата и каузите во кои веруваше поставија стандард кон кој сите целевме. Но, за мене и за моите браќа Џоел и Питер, тој беше едноставно Тато, за Катрин прекрасен свекор, за неговите внуци и правнук сакан дедо, а за неговата сопруга Ен прекрасен сопруг.Животот на Кирк беше добро проживеан и тој остава филмско наследство што ќе остане и за генерациите кои доаѓаат и минато како прочуен филантроп кој работеше за да помогне на јавноста и да донесе мир на планетата. Дозволете ми да завршам со зборовите што му ги кажав на неговиот последен роденден и кои секогаш ќе останат вистина. Тато, те сакам многу и сум горд што сум твој син.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1