На 2 ноември Јанева ќе го добие буџетот што го бара


На 2 ноември специјалниот обвинител, Катица Јанева ќе ги добие потребните пари за функционирање на новоформираното специјално обвинителство.

Ова го потврди министерот за финансии и вицепремиер, Зоран Ставрески и рече дека парите се обезбедени и дека за тоа ќе се расправа на следната седница на Влада по што на следната собраниска седница, на 2 ноември, би требало да биде изгласан буџетот кој го бара.katica janeva2

„Во интерес на сите нас и на Република Македонија е да се овозможи непрелчена работа на специјалниот јавен обвинител вклучително и да се обезбедат финансиски средства за реализација на планот за работа. Во тој, контекст  во текот на оваа недела отворена е сметка и депониран е потписот на специјалниот јавен обвинител, како потписник на таа сметка. Обезбедени се средствата, кои се наведени во планот за работа“, рече Ставрески.

Тој изрази надеж дека специјалното обвинителство ќе почне да функционира и дека ќе почне расчистувањето на случаите коишто се во негова надлежност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1