На 29 ноември ќе биде соопштено дали е пронајден гробот на Александар Велики


На 29 ноември би требало да се дознае која историска личност е погребана во Амфиполис каде што веќе неколку месеци се истражува досега најголемата античка гробница најдена во Грција. На тој ден е закажана прес конференција на Катерина Перистери, археолог, задолжена за ископувањата.

Министерството за култура на Грција денес објави дека археолозите го извадиле скелетот на историската личност погребана на ова место и сега ќе се работи на идентификација на остатоците. grobnica-3-480x320
“Станува збор за моќна личност ако се суди според посебноста на оваа голема гробница”, вели соопштението на министерството.

Гробницата датира од времето на Александар Македонски (356-323 година пред Исус Христос). Таа има дијаметар од 500 метри и две импозантни сфинги, на подот има мозаик, потоа две каријатиди високи два метри и голем мозаик на кој се претставени Персефон и Плутон. grobnica
Се шпекулира дека погребаната личност е една од најблиските на Александар па дури можеби и неговата сопруга Роксана или мајка му Олимпија.

Многумина се надеваат дека личноста е можеби и самиот Александар но според експертите шансите за тоа е многу мали. Александар починал на 32 години во Вавилон и, според некои податоци, е погребан во Александрија во Египет иако и оваа хипотеза никогаш не била потврдена со некои археолошко истражување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1