Утрово во болницата во Токуда во Софија, почина новинарот Зоран Двојаковски од Берово.
На 44-годишна возраст, тој ја изгуби борбата со болеста. Пред 4 месеци нему му беше дијагностициран тумор на бешиката.
Веста за смртта на Зоки болно одекна во неговото родно Берово. Двојаковски беше член на ЗНМ и сопственик и уредник на веб-порталот за Малешевијата, Малеш-нет. И покрај неговиот хендикеп и инвалидската количка, Зоки за своите сограѓани претставуваше симбол на урбан херој, симбол на оптимизам и пример на човек, пред кого не постоеја бариери, пренесе Канал 77.
Двојаковски зад себе остави мајка и две сестри. Неговото тело се очекува да биде донесено најдоцна утре по што ќе биде извршен погребот на градските гробишта во Берово.