На 500 километри од Скопје: Почнува изградбата на нова ИКЕА


Свеченото поставување на камен темелник со што ќе почне изградбата на првата Ikea во Србија, ќе биде следната седмица, најави градоначалникот на Белград, Синиша Мали.gikea

Како што рече, инвестицијата е вредна неколку стотици милиони евра што доаѓаат од странство.

„Тоа се пари што вработуваат наши работници, наша градежна индустрија, и ја раздвижуваат нашата економија“, изјави Мали.

Според претходните најави, камен темелникот за изградбата на новиот продажен објект на Ikea ќе го положи премиерот Александар Вучиќ. Објектот ќе го гради австриската компанија Strabag, а се очекува да биде отворен до летото 2017 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1