ОТКРИЕН СКАНДАЛ: Британци купуваат деца преживеани од земјотресот за да им работат по дома


Британската министерка за внатрешни работи Тереза Меј, ја повикала полицијата да ги истражи тврдењата за трговијата со деца кои преживеале во земјотресот со јачина од 7.8 степени според Рихтер, кој го погодил Непал и оставил 9.000 луѓе зависни од хуманитарна помош.

Имено, трговците со луѓе во Панџаби продаваат деца кои минатата година останале без кров над главата за бесплатно да служат на британски семејства, и тоа за 5.250 фунти.dec rabotat

“Децата ги праќавме во Британија. Повеќето од одведените се Непалци”, рекол трговецот Макан Синг.

“Едно дете чини најмалку 5.250 фунти. Ќе имате дополнителни трошоци да го одведете во Британија, но тоа е на вас. Ве молиме земете ги Непалците во Англија, тоа се добри луѓе. Добри се во работење на домашните работи, но и готват многу добро. Никој нема да ве проверува”, му рекол трговецот на новинарот на Sun.

Министерката рекла дека откритието на новинарот е вознемирувачко.

“Трговијата со деца е одвратно злосторство. Ниедно дете, никаде на светот, не би требало да биде одземено од сопствениот дом и принудно да стане роб”, рекла таа.

Од Националната агенцијата за криминал рекле дека работат на идентификување на криминалците, за децата, но и возрасните жртви да се сместат на безбедно.

“Трговијата со луѓе често минува непријавено. Секој кој има и најмало сомнение дека тоа се случува треба да пријави во полиција”, рекле од “NCA”.

Илјадници девојчиња од Непал се продаваат секоја година. Новинарот на Sun истражувањето го започнал во градот Јаландар, индиски град во близина на непалската граница.

Новинарот се маскирал во богаташ од Британија, чија жена е болна, и кој имал стара мајка која бара слуга за готвење и чистење.

Несвесен дека го снима скриена камера, Синг му рекол: “Брате, можам да ти набавам дете. Но како ќе го однесеш во Британија и како ќе ги набавиш сите документи – тоа е твоја грижа. Тоа нема врска со нас.

Ние ќе ти го предадеме и тоа е тоа. Никој нема да те следи. Тој мора да биде во вашиот дом најмалку 3 или 4 години. Истренирајте го, нека работи за вас.

Тоа нека му стане рутина. А потоа можете да барате документи за него. Доколку сакате мој совет, земете 12 или 13-годишно дете, со време тоа ќе биде моделирано како што сакате”, објаснил трговецот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1