Поранешниот воен пилот Џејмс Роуз (81), татко на три и дедо на четири деца, во поодминати години се подложил на операција за промена на полот и сега се вика Рут, а воедно е најстарата личност на светот која го променила полот.
– Отсекогаш знаев дека сум родена во погрешно тело, раскажала Рут за британските медиуми, додавајќи дека се кае само поради една работа во врска со операцијата – затоа што не вградила поголеми гради.
Рут е роден како Џејмс и бил разведен татко на три деца и четири внучиња, но од својата девета година знаел дека е во погрешно тело.
– Додека бев во брак, водев двоен живот. Се облекував во женска облека меѓу пријателите, но дома морав да глумам маж, се исповедала Рут.