На 95 годишна возраст почина екс претседателот на Зимбабве Роберт Мугабе


Поранешниот претседател на Зимбабве Роберт Мугабе почина во 95 година од животот, пренесе ББЦ.

Мугабе долго време бил болен.

Информацијата за смртта на Мугабе ја потврди и актуелниот претседател на Зимбабве Емерсон Мнангагва.

Роберт Мугабе беше претседател на Зимбабве до 2017 година кога беше сменет со воен удар.

Политичката кариера Мугабе ја започнал во 1980 година кога станал премиер на Зимбабве, седум години подоцна тој ја напуштил оваа функција и се именувал за Претседател.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1