На „Александар Велики“ ќе се следат патниците кои слетуваат од Западна Африка


Се зголемува будноста на скопскиот аеродром Александар Велики – ќе се следат сите патници кои доаѓаат од земјите со епидемија на ебола. На денешниот состанок на комисијата за заразни болести со претставници на аеродромот било договорено сите патници кои ќе слетаат, а кои имаат симптоми на вирусот веднаш да бидат изолирани.

aerodrom ohridИсто така, според протоколот, ќе се следи здравствената состојба на патниците кои доаѓаат од Либерија, Гвинеа, Сиера Леоне или Нигерија, од моментот на слетување па во следните 3 недели. Досега на Александар Велики, според комисијата, немало сомнителен случај на смртоносната ебола.

Клиниката за инфективни болести во исто време е подготвена да згрижи 20-тини пациенти.
Во меѓувреме, во западна Африка бројот на починати од ебола достигна близу 900-тини, a заразени се околу 1600-тини луѓе. Заболени веќе има и во Америка. Њујоршката болница истражува маж со симптоми на смртоносната болест, а денеска во САД во тешка здравствена состојба пристигна и вториот американски хуманитарен работник заразен со ебола.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1