На бугарско-македонската граница уапсени џихадисти од Косово – поседувале снимки со отсечени глави


Албанци на возраст од 20 до 25 години синоќа биле уапсени во бугарското село Каменичка Скакавица во близина на Ѓуешево на границата со Македонија. Во нивните мобилни телефони биле откриени видеоснимки со отсечени глави и молитви кои ги користат џихадистите и реклама за ИД, јавуваат бугарските медиуми.bugarija granica

Началникот на граничната полиција во Ќустендил Васил Митовпотврдува дека се уапсени петмина странски државјани, но не изнесува повеќе детали.

Албанците патувале со автомобил, а вниманието на полицијата го привлекле кога се обиделе да ги подмитат полицајците кои ги запреле.

По приведувањето Окружното обвинителство во Ќустендил им одредило задржување од 72 часа.
Овој случај го презедоа припадниците на Бугарската државна агенција за национална безбедност, кои по сослушувањето утре ќе ги изведат Албанците пред судот во Ќустендил заради одредување притвор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1