На Чарли Шин покрај ХИВ, откриена му е уште една болест


Чарли Шин (50) се бори со низа проблеми, а покрај тоа што неодамна беше откриена дека актерот е ХИВ позитивен неодамна му била утврдена уште една болест.charlieSheen_1614083c

Во текот на гостувањето кај доктор Оз, Шин открил дека покрај ХИВ вирусот, се бори и со биполарно нарушување.

Актерот признал дека во моментот не зема лекови и дека ќе „размисли#“за тоа. Доктор Оз го пофалил актерот, затоа што бил искрен и отворен и објаснил дека ова негово признание на многумина ќе има даде надеж.

Биполарното нарушување се манифестира со нагли промени на расположението кои варираат од манија до депресија. Се препорачува терапија со адекватни медикаменти, но Шин засега своите напори ги насочил на ХИВ вирусот.

– Ако некој може да се бори со тоа и да открие лек, тогаш тоа сум јас. Ќе ги искористам сите свои ресурси и ќе разговарам со секој стручњак – изјавил Шин.

На крај заклучил дека оваа болест „избрала погрешна личност“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1