На чело на Интерпол – жена


Миреј Балестрази е новиот директор на Интерпол, таа е првата жена што некогаш претседавала со меѓународната организација за полициска соработка.

58 годишната Балестрази, во моментов е на функцијата втор човек на француската правосудна полиција, која се смета за една од елитни служби, а веќе била потпретседателка на Извршниот одбор на организацијата на Интерпол за Европа.

За време на својата кариера таа била на чело на групата за сузбивање разбојништво во Бордо во 1978 година, раководела со судската полиција на Корзика, била и шеф на службата на француската судска полиција за сузбивање на економската и финансиската деликвенција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1