На дното на Балтичкото море најдени 900 шишиња француски коњак наменети за рускиот цар (ВИДЕО)


Интригантната приказна започнува во мај 1917 година кога шведскиот брод „Кирос“ пловел кон санкт Петерсбург, носејќи 50 гајби француски коњак и уште 15 гајби друг алкохол. Примачот на пратката не бил никој друг, освен царот Николај Втори, кој се повлече од престолот два месеци порано.

Русија сè уште беше формално во војна со Германското Царство, па товар бил испратен од Франција на брод што припаѓал на неутрална Шведска. „Кирос“, сепак, никогаш не стигна до својата дестинација.

Додека го минувал островот Аланд во Балтикот, бил пресретнат од германската подморница „УЦ-58“.

Според законот за време на војната, Германците го обвинија екипажот за шверц на нелегална стока, принудувајќи ги да ја пренесат на друг брод, но пред тоа го потопат сопствениот. Така 900 шишиња, со најдобри и најквалитетни француски пијалоци, завршија на дното на морето.

Пред 20 години беше пронајден бродот, но било премногу опасно да се нурне и да се обиде да се извади товарот. Но, сега, тим од шведски и исландски нуркачи одлучи да се обиде и да успеа.

После неколкугодишни подготовки, тие конечно ја завршија мисијата со помош на роботи и успеаја да спасат околу 600 шишиња коњак De Haartman & Co и 300 шишиња ликер од Бенедиктин.

Шишињата што тие ги изложиле се непроменети. Некои од нив сè уште носат оригинални восочни тапи и обележја.

„Важноста на ова не може доволно дас е искаже. Не само што е редок наод, туку е и дел од историјата на империјална Русија“, соопшти шведскиот тим.

Посебно внимание заслужува ликерот Бенедиктин, кој веќе не се произведува, а неговиот производител, кој е основан од француски монаси, сега го наследи брендот Бакарди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1