Откако дозна дека е заболена од рак на грлото во 2014. година, пејачката Азра Колаковиќ, позната како Дона Арес, лавовски се бореше и на момент изгледаш дека ја победи болеста. Меѓутоа, своите фанови повторно ги разочара со својата вчершна објава на Фејсбук.
– Денешните болнички спомени и враќање во реалноста! Поминаа најновите истражувања! Кога ќе се разбудиш од анестезија, не се сеќаваш ниту како си заспал. Одиме понатаму. Ми вели докторот: Вие имате рак, – немам, имате, – но, не сакам да имам… Продолжува – напишала Дона, а за само еден час под оваа објава имаше повеќе од стотина коментари кои и даваат поддржка и надеж за подобро утре.
Инаку, пред неколку месеци со сопругот Џавид, пејачката се отсели во Данска.