Приказната за љубовната афера во Нов Зеланд која ја заинтересира светската јавност пред неколку дена, доби свое продолжение. Двајцата љубовници ги изневериле своите партнери во канцеларијата, а за тоа дознале многу повеќе луѓе, отколку што очекувале.
Посетителите на еден бар во близина на фирмата забележале како вработените имаат секс во канцеларија, а таа видео снимка стана сензација на интернет.
Сопругата на човекот од снимката дознала дека е изневерена на социјалната мрежа Фејсбук.
Откриено е дека мажот е оженет и има деца, а жената е верена. Од фирмата сеуште размислуваат дали ќе бидат казнети или дури отпуштени од работа.